Премиерот Димитар Ковачевски од кафулето на Филхармонија го следеше концертот на македонските поп ѕвезди кои приславија на денот на Независноста.
Во својот говор, на централната прослава по повод Денот на независноста – 8 Септември, Ковачевски повика на обединување.

„Повикувам на обединување и во слободата на одлучување. Знаеме дека мора да продолжиме по европскиот пат, поради нас самите и за оваа цел вреди да се обединиме, без калкулации и задршки – исто како за независноста во 1991-та, исто како во битките 1903-та и 1944-та. Државничките одлуки подразбираат лидерство и храброст за слободно одлучување, посебно кога тие одлуки се влог во подобра сегашност и подобра иднина за сегашните и идните генерации“, порача премиерот Димитар Ковачевски.
