Македонија

ФОТО Симов: Завршени градежните работи на Телекомуникациската кула на Водно, се чека употребна дозвола

ФОТО Симов: Завршени градежните работи на Телекомуникациската кула на Водно, се чека употребна дозвола

Телекомуникациската кула на Водно е во завршна фаза пред официјалното пуштање во употреба, откако се комплетирани сите градежни активности на објектот.

Информацијата ја сподели универзитетскиот професор и ИТ експерт Орце Симов, кој посочи дека во моментов останува да се заврши административната постапка за добивање употребна дозвола.

„Сите градежни активности се завршени, остана уште постапката за добивање на употребна дозвола. Во тек е…“, напиша Симов.

Тој откри и дека проектот е пријавен за учество на Светскиот фестивал на архитекти 2026, каде ќе конкурира за меѓународно признание во областа на архитектурата.

„Аплицирано е и за награда на Светскиот фестивал на архитекти 2026, да видиме…“, додаде Симов во својата објава.

Телекомуникациската кула на Водно претставува еден од позначајните инфраструктурни објекти во Скопје, а по добивањето на употребната дозвола се очекува целосно да биде ставена во функција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни