Вечерва во скопската населба Аеродром, поточно пред трговскиот центар „Џевахир Мол“, се случи сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе возила. Според првичните информации од теренот, станува збор за верижен судир на најмалку три автомобили.
На фотографиите од местото на настанот се гледа сериозно оштетување на предниот дел кај едно од возилата, што укажува на силен удар. Екипи на Министерството за внатрешни работи се веднаш упатени на локацијата.
Се вчитува...
Полицијата во моментов врши увид на местото на несреќата за да се утврдат точните причини и околностите кои довеле до судирот.
