Македонија

ФОТО Спектакл на ноќното небо – ноемвриската супермесечина во полн сјај

ФОТО Спектакл на ноќното небо – ноемвриската супермесечина во полн сјај
ФОТО: Ј.Пауноски/4NEWS.MK - Месечина

Вечерва на небото може да се забележи впечатлива астрономска појава – ноемвриската супермесечина, позната и како „Месечина на дабарот“.

Месечината изгледа поголема и посјајна од вообичаено, а фотографиите ја доловуваат нејзината убавина и впечатливите детали на површината.

ФОТО: Ј.Пауноски/4NEWS.MK – Месечина

Супермесечината е феномен што се случува кога полната Месечина се наоѓа во близина на најблиската точка до Земјата, позната како перигеј. Во споредба со полна Месечина кога е најоддалечена од Земјата, таа може да изгледа до 14 отсто поголема и 30 отсто посјајна.

Ноемвриската полна Месечина го добила своето име по дабарите, кои во овој период од годината се подготвуваат за зимата и се повлекуваат во своите засолништа.

Според објавените астрономски податоци, полната Месечина денеска го достигна својот максимум во 15:53 часот по македонско време.

Ова е една од највпечатливите полни месечини во 2026 година, а во следните три месеци се очекуваат уште три супермесечини – на 24 декември, 22 јануари и 20 февруари.

Ноќно студио

Најнова епизода

🔴 ВО ЖИВО | Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни