Свет

ФОТО Страшна смрт на напаѓач од Бразил, го здробиле камиони

ФОТО Страшна смрт на напаѓач од Бразил, го здробиле камиони

Паоло Мадеира Оливеира, 27-годишен фудбалер од Бразил, загина во страшна несреќа што се случи во Виетнам.

Оливеира беше во автомобил со тренерот и тимскиот лекар Хоанг Ан Гиа Лаи на враќање дома по поразот со 1-0 од Сонг Лам Нге во реваншот од Првата лига на Виетнам, кога нивното возило беше удрено од камион.

Од силината на ударот автомобилот полета кон друг камион кој доаѓа од спротивната насока.

По несреќата, локалните жители морале да исечат делови од автомобилот за да ги извлечат несреќните луѓе.

Набрзо беше објавено дека три лица загинале на лице место, додека четвртото кое било во автомобилот со фудбалерот е пренесено во болница.

Покрај бразилскиот фудбалер кој поголемиот дел од кариерата го помина играјќи за португалските пониски лиги пред да замине во Виетнам, загинаа и 48-годишниот помошник тренер Дуонг Мин Нин и 29-годишниот доктор Доан Тронг Три.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни