ФОТО: Сведок открива како се влегува во големата кланица на Велја – дебела завртка сокриена зад полицата отвора бетонска врата!

Бојан Хрватин, припадник на кланот Веља Беливук и Марко Миљковиќ до детали опишал како се влегува во „кланицата“ односно просторијата во која биле извршени ѕверски убиства.

Тој пред судот зборувал за куќа во Ритопек, а тајната просторија, наводно некогаш служела и за одгледување на марихуана.

„Тој бункер се наоѓа, кога ќе влезете во гаражата, има еден дел отстранет под последната полица, таму треба да се вметне дебела завртка која се заглавува пред да биде отворена големата бетонска врата, објасни тој.