Македонија

ФОТО Тешка сообраќајка на булеварот Гоце Делчев – возач со автомобил удрил во велосипедист кој починал на лице место

ФОТО Тешка сообраќајка на булеварот Гоце Делчев – возач со автомобил удрил во велосипедист кој починал на лице место

На булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје попладнево се случила тешка сообраќајна несреќа во која е прегазен маж, кој починал на самото место.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, околу 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот се судриле патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице, и велосипедист. По несреќата, возачот го оставил возилото и избегал од местото на настанот.

Во тек е увид, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот. Поради несреќата, сообраќајот на булеварот е пренасочен.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни