ФОТО: Цистерни носат техничка вода низ Скопје – дефектот саниран, вода насекаде до полноќ!

Поради големиот дефект на булеварот Кочо Рацин, речиси половина Скопје остана без вода. Поради тоа, попладнево цистерни со вода на повеќе локации низ градот. Ги снабдуваа граѓаните со техничка вода.

За локациите на цистерните, граѓаните треба да се обратат до Дежурно Информативниот Центар на телефонскиот број 02 3073 010.

Според соопштението кое пак вечерва го испратија од ЈП Водовод и Канализација, дефектот веќе бил санирал и до полноќ вода треба да добијат сите жители.

„ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста дека дефектот на бул. Кочо Рацин, спроти Олимписки базен, за чие отстранување се затвори цефка од ф1400мм е саниран и граѓаните ќе добијат нормализирано водоснабдување до полноќ“, се вели во испратеното соопштение.

Поради големиот дефект без вода се: Центар, Аеродром, Кисела Вода, Лисиче, Ново Лисиче, Припор, Сопиште, Ракотинци, Добри Дол, Драчево, Пинтија, Моране и Студеничани.

.

Извор: ТВ21