Македонија

ФОТО: Турбуленции во авион вечерва над Скопје, пилотот го избегна невремето во Македонија

ФОТО: Турбуленции во авион вечерва над Скопје, пилотот го избегна невремето во Македонија
Илустрација

Силното невреме вечерва во Македонија предизвика и мали проблеми во авио сообраќајот. Неколку авионски линии кои за време на невремето се најдоа во македонското небо беа приморани да ја променат својата рута за да го избегнат невремето.

Невреме и во Албанија со грмотевици. Означето на мапата / ФОТО: 4NEWS.mk

Според информации до кои дојде 4NEWS.mk, вечерва авион на Туркиш Ерлајнс од Анталија за Нирнберг бил приморан да ја промени рутата за да го избегне невремето, кое пак предизвикало и кратки турбуленции.

Слична приказна има и авионот на Air Cairo, кој исто така вечерва се најде над македонското небо. И редовната линија од Загреб до Скопје доживеа промени во летот. И покрај невремето, авионот успешно слета нешто по 23 часот и 30 минути.

4NEWS.mk информациите и податоците ги потврди преку радарската веб страница flightradar24.com која ги следи летовите.

Поради невремето, дел од авионите треба да летаат максимум до 10 илјади метри висина.

Според нив вечерва во Македонија региони со турбуленции се: битолско-преспанскиот, Гевгелија, скопски регион…

На скопскиот аеродром вечерва дува ветер со брзина од 2 километри на час, а температурата е 18 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни