Новата министерка за Финансии, Нина Ангеловска е на средбата со Вибке Шломер, директорката на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) за Европа и Централна Азија. Од фотографиите на социјалните мрежи може да се забележи дека нејзиниот тим е составен само од жени.
„Странските дирекни инвестиции во регионот го зголемуваат извозот и економскиот раст на државите, но тие носат и нови технологии и знаење. Мораме да им помогнеме на домашните фирми да го искористат ова знаење и да го унапредат своето производство за да бидат добавувачи на странските фирми, и токму тоа го правиме со проектот за Лесно производство во Југоисточна Европа“, напиша министрката на социјалнта мрежа Фејсбук.