Јан Тајли е сопственик на најмалата куќа во Британија, која 100 години има сопствено место во Гинисовата книга и сега привлекува илјадници посетители секоја година.
Најмалата куќа во Велика Британија неодамна доби нов тросед.
Куќата, која се наоѓа во Северен Велс, има две соби една над друга – на приземје и прв кат. Тоа се единствените простории во куќата, а нема ниту тоалет, туку само мијалник.
Сопственичката на куќата, ја одржува како туристичка атракција шест месеци во текот на годината, иако оваа година мораше да се отвори малку подоцна од планираното поради ковид ограничувањето.
„Куќата е во моето семејство пет генерации. Мојот прадедо ја купил куќата во 1891 година, но градските власти по 9 години му кажале дека е премала за да биде куќа и сакале да ја срушат. Тој за среќа бил добар пријател со уредникот на локален весник, кој покренал кампања за сите да дознаат дека тоа е најмалата куќа во Британија, и секако испаднало дека се работи за најмалата куќа и градот одлучил да ја остави“, истакнала Јан за „The mirror“.

Сепак, повторно било потврдено дека куќата е премала за да живеат луѓе во неа и се користела како туристичка атракција.
Куќата е висока 3,9 метри и широка само 1.82.
Сопственичката никогаш не размислувала да стави мебел во куќата бидејќи нема доволно простор, но откако една компанија ја контактирала за да разговараат околу тоа дали една од нивните софи ќе се вклопи во куќата, таа помислила дека тоа е интересен предизвик.
„Сакав да бидам таму кога го поставија троседот, не можев да го пропуштам“, додава таа.
Десетици туристи, исто така, застанаа и гледаа како доставувачите се обидуваат да внесат софа во најмалата британска куќа. Но, тие не се замараа премногу, успеаја да го направат тоа за неколку минути.
Јан била импресионирана од новиот додаток, но не долго. Таа рече дека куќата годишно ја посетуваат околу 50.000 луѓе на кои и онака им е тешко да се движат во тесен простор, а сега ќе биде уште потешко.
