Не со бел мантил, но со бела кошула вечерва на вакциналниот пункт во Тетово ќе ве пречека министерот за надворешни работи и доктор Бујар Османи.
Тој најави дека ќе биде дежурен трета смена вечерва во Тетово на барање на градоначалничката Теута Арифи.

„На барање на градоначалничката на Тетово, г -ѓа. Теута Арифи, вечерва сум дежурен на пунктот за вакцинација во музејот во Тетово (поранешен дом на армијата) во трета смена. Ги поканувам сите невакцинирани да дојдат. Ние сме спремни!“, напиша Османи на Фејсбук.
Тетово и Гостивар според министерството за здравство се едни од општините каде што има најмал оѕив за вакцинација.
