Аманда Сомер дала отказ како стјуардеса на Рајанер за да продолжи со манекенска кариера на еротската платформа OnlyFans.
Аманда преку таа платформа заработува преку 15.000 фунти (околу 18.000 евра).
Но, поради тоа нејзиниот љубовен живот пати.
Таа својата приказна ја раскажала за „The Sun“. Истакнала дека последните три момчиња со кои била на состанок едноставно ја прекинале комуникацијата со неа откако дознале дека всушност работи за OnlyFans.
„Слушнав за OnlyFans и ми се допадна таа идеја. Одличен начин да се заработат пари и притоа моето момче воопшто не знаеше што правам. Кога дозна, ми кажа дека практично на тој начин го изневерувам, но за мене тоа е само начин за заработување на пари, ништо повеќе“, вели Аманда.
Таа добила ултиматум – работа или момче, а потоа одлучила дека ќе продолжи да работи и ќе го остави своето момче, но тука всушност дошла до проблем.
Сите со кои започнувала врска, наскоро ја прекинувале бидејќи не можеле да го поднесат фатот дека девојката работи како „модел“ на OnlyFans.
„Тоа многу ме нервира. Кога барем малку би биле отворени за тоа што работам и како ги заработувам своите пари“, вели Аманда, која тврди дека мажите знаат да бидат и љубоморни бидејќи заработуваат помалку од неа.
Открива дека човекот од нејзините соништа е некој како Илон Маск или Бил Гејтс, односно милијардери, а никогаш не би можела да биде со некого што го запознала преку OnlyFans.
