Фотографите Кујтим и Бетим Чодари снимија редок и исклучително значаен момент во срцето на македонската природа. Во околината на Кичево, тие успеаја со својот објектив да го зафатат симболот на нашите шуми — балканскиот рис, како вешто се крие меѓу карпите.
Фотографијата и видеото од ова загрозено животно веднаш беа споделени на социјалните мрежи, каде што предизвикаа воодушевување и огромен интерес кај љубителите на дивиот свет.
„Еден исклучително редок момент! Да се сними балкански рис во неговото природно живеалиште е привилегија што ја имаат многу малку луѓе. Скришен, внимателен и меѓу најретките животни на Балканот, тој навистина ретко се појавува пред човечкото око“, споделија фотографите во својата емотивна објава.
Тие додаваат дека ваквите ретки средби се најдобар доказ за „дивата и недопрена убавина што сè уште живее на нашите планини“.