Балкан

Фотографии и податоци од дилери се појавија низ Белград, еве зошто…

Фотографии и податоци од дилери се појавија низ Белград, еве зошто…

На бројни постери покрај фотографии од мажи за кои се тврди дека се дилери на Лазарев, ги има следните описи:

„Десет години еден од главните дилери на кокаин и хероин. Претходно уапсен за дилање дрога“, „Тој се занимава со продажба на кокаин, марихуана“, „Работи во обезбедувањето на ноќни клубови каде што продава дрога на нашите деца“. .

Ова се само дел од пораките кои изминатите денови се појавија во оваа српска општина.

Како што пишува Блиц зад се стои здружение на граѓани на кои им е преку глава од дилери на кокаин и со години предупредуваат за лошата состојба на ова место.

Обвинителството е известено за се, бидејќи објавувањето на некои информации како што е адресата на живеење е кривично дело. Но, обвинителството нема да преземе ништо, туку мора да поднесе приватна тужба лицето кое се смета за повредено.

„Дилерите одеа на погреби на млади луѓе кои користеа дрога“

Претседателот на здружението Свети Сава за Блиц вели дека граѓаните се собрале во здружението во 2013 година откако Лазаревац изгубил многу млади луѓе од наркотици во тој период.

Најмногу нè погоди тоа што токму овие дилери и нивните родители отидоа на погребите и плачеа заедно со родителите на убиените деца“, вели соговорник на Блиц кој сакаше да остане анонимен.

„Почнавме со лепење летоци со слики од дилери низ целиот град, а сега веќе имаме четири изданија на црната книга со околу 140 дилери на дрога, нивните слики, како и сите нивни лични податоци“, додава тој и тврди дека голем број дилери го напуштија градот, а некои беа уапсени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни