Властите во Франција предупредија на „многу висока“ закана од тероризам пред новогодишната ноќ.
Како што пишува британски „Телеграф“, се заканува опасност од тероризам поради војната во Газа.
Се наведува дека и Германија се подготвува за можно насилство.
Жерар Дарманин, францускиот министер за внатрешни работи, рече дека 90.000 полицајци и жандарми ќе бидат распоредени низ Франција за време на празникот.
Се очекуваат 1,5 милиони луѓе
– Побарав голема мобилизација на полициските сили и жандармеријата поради многу големата закана од тероризмот, поради се што се случува во Израел и Палестина – рече тој.
Наведено е и дека ќе бидат распоредени 5.000 војници од „Операција Сентинел“, воена операција чија цел е заштита на Франција од терористички закани, како и 35.000 пожарникари.
Во Париз се очекува да пречекаат 1,5 милиони луѓе, а во патрола ќе има 6.000 полицајци. Ќе им биде дозволено и да користат дронови.