Франција забранува реклами за „Шејн“ и „Тему“, воведува данок и санкции за инфлуенсери

Францускиот Сенат со големо мнозинство изгласа закон, обидувајќи се сериозно да го ограничи штетното влијание на таканаречената ултрабрза мода, со посебен фокус на платформите како „Тему“ и „Шејн“. Целта е да се намали еколошкиот отпечаток на текстилната индустрија, да се ограничи прекумерната потрошувачка и да се заштитат домашните модни брендови кои сè потешко им конкурираат на екстремно евтините увозни производи.

Законот исто така забранува рекламирање на ултрабрза мода, вклучително и реклами на социјалните мрежи, и воведува санкции за инфлуенсери кои промовираат такви производи.