Македонија

Француската фирма Bouygeus и германската Vamed во трка за изградба на новиот Клинички

Две компании се во втората фаза од процесот за избор на фирмата, што ќе го гради новиот Клинички центар во Скопје – Vamed и француската Bouygues construction, изјави министерот за здравство Венко Филипче во интервју за Фактор.

„Процедурата е во фаза на конкурентен дијалог. Има три фази, фазата на евалуација заврши, останаа две компании германската Vamed и француската Bouygues construction, коишто сега влегуваат во фаза на дијалог, рече Филипче, кој појасни дека дијалогот се уште не е почнат, бидејќи се уште трае рокот за жалби од претходната фаза.

Вели дека засега нема жалби и за време на дијалогот се оди кон финалниот драфт на договорот кој ќе се тендерира.

-Значи преку дијалог со дискусија и разговор за она што ние го бараме од физибилити студијата од тие искусни компании, ние го дизајнираме тој договор кој ќе биде предмет на тендерирање. И тоа е третата фаза. Согласно сегашната динамика и динамиката на Министерство за финансии со преговорите со финансиерите мислам дека имаме шанси да завршиме оваа година или на почетокот на следната, нагласи Филипче.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни