Македонија

„Францускиот предлог беше неправеден“ – Џозеф: Бугарија делува во духот на „ние сме во ЕУ, и ние кажуваме што да правите“

„Францускиот предлог беше неправеден“ – Џозеф: Бугарија делува во духот на „ние сме во ЕУ, и ние кажуваме што да правите“

Професорот и експерт за надворешна политика Едвард Џозеф во интервју за ТВ21 истакна дека Францускиот предлог бил неправеден.

„Проблематичен е и сите треба да го разберат тоа“, вели Џозеф.

На модераторско прашање за тоа дали постоел простор истиот да се одбие и да се побара нов, Џозеф вели дека тоа не е така едноставно, не може да се каже дека би можел да се одбие.

„Да бидеме реалистични. И да разбереме позицијата на Владата. Да го одбиевте, тогаш Бугарија можеше да каже дека проблемот е во вас. Дека тие се оние кои сакаат да постигнат компромис, а дека вие сте тие кои прават проблеми. Не е толку едноставно да се каже дека го одбиваме… Да бидеме искрени. Ова не е Преспанскиот договор. Ниту Охридскиот договор. Ова не е договор каде едната страна ги изложува своите проблеми и грижи и другата страна го прави истото и двете страни кажуваат што можат да направат. Веќе го пробавте тоа“, вели Џозеф.

Професорот објасни и што е неправедно во овој предлог.

„Еве што е неправедно тука. Процесот беше неправеден. Тоа беше процес каде Бугарија излезе во предност по Договорот за пријателство. Веќе потпишавте Договор за пријателство, а тие не го почитуваат Договорот за пријателство и тоа е факт. Не делуваат во духот на пријателството, туку во духот на „Ние сме во ЕУ, а вие сте кандидати и ние ќе ви кажуваме што да правите“. Така не се однесуваше Грција“, додава Џозеф.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни