Свет

Францускиот претседател Макрон повика на нови санкции

Потребни се повеќе санкции против Русија по извештаите за руските сили кои убиваат цивили во градот Буча, во близина на Киев, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Украина ја обвини Русија за „намерен масакр“ во Буча, откако новинарите пронајдоа најмалку 20 тела расфрлани на улиците, но Русија овие тврдења ги нарече воена „пропаганда“.

Макрон за радиото Франс Интер изјави дека има „многу јасни индиции“ кои укажуваат дека руските сили се одговорни за воените злосторства во Украина.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни