Свет

Фросина Ременски ослободена од обвинение за „Меѓународен сојуз“

Фросина Ременски ослободена од обвинение за „Меѓународен сојуз“

Поранешната пратеничка Фросина Ременски денеска во Кривичниот суд беше ослободена од обвинение по предметот „Меѓународен сојуз“.

„Обвинетата Фросина Ташевска Ременски за дејствијата кои се товареше во оваа постапка се ослободува од обвинението бидејќи јавниот обвинител не докажал дека истата го сторила делото“, истакна судијката.

Во овој предмет, Бојан Јовановски доби казна затвор од 9 години, додека пак Јасна Мандиќ доби 4 години.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни