Балкан

Фудбалерите на АЕК му оддадоа почит на убиениот навивач

Фудбалерите на АЕК му оддадоа почит на убиениот навивач

Фудбалерите и стручниот штаб на АЕК му оддадоа почит на грчкиот навивач кој беше убиен во судир меѓу хрватски и грчки хулигани во понеделникот вечерта. Фудбалерите на грчкиот шампион запалија свеќи и положија жолти цветови пред стадионот на кој вечерва требаше да се одигра натпреварот меѓу АЕК и Динамо.

Да додадеме дека грчката полиција наведува дека напаѓачот оставил ДНК на починатиот навивач. Се трага по нож кој бил фрлен и сокриен како клучен доказ за убиството. Сепак, според последните информации од Атина, полицијата има отпечатоци од убиецот и тој е грчки државјанин, јавува Дневник Нова ТВ од Атина.

Да потсетиме, во синоќешната тепачка заедно со Бад Блу Бојс учествуваа навивачите на Панатинаикос кои имаат пријателски односи со ултрасите на Динамо и се големи градски ривали со навивачите на АЕК, а неколку навивачки сајтови објавија видеа на кои се гледа дека тие се еден од лидерите. Напади.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни