ГасТера претходно објави дека одлучила да не го исполни барањето на Гаспром да го плати испорачаниот гас во руски рубљи.
Рускиот енергетски гигант Гаспром денеска потврди дека целосно го прекинал снабдувањето со гас на холандската компанија Гастера, бидејќи одбила да изврши плаќања за испорачан гас во април во согласност со шемата која предвидува трансакција во рубли.
„Газпром Експорт не доби плаќање за испорака на гас во април до 30 мај, што е рокот наведен во договорот. Во оваа насока, Гаспром Експорт го извести ГасТер за прекин на испораките на гас од 31 мај 2022 година до моментот на плаќање во согласност со процедурата утврдена со извршната наредба на претседателот на Русија“, објави Гапром.