Свет

Газа: Околу 50 луѓе загинаа по израелски напад врз училиште

Газа: Околу 50 луѓе загинаа по израелски напад врз училиште

Околу 50 луѓе загинаа во  нападите на училиште во градот Газа , изјави директорот на болницата Ал-Шифа, Мохамед Абу Салмија, каде што беа пренесени жртвите, пренесе АФП.

„Тие беа извадени од внатрешноста на училиштето Ал-Бурак во населбата Ал-Наср во Газа по ракетните и артилериските напади што го гаѓаа училиштето утринава“, додаде Салмија.

Израел рече дека цивилите не се цел и дека се труди да не ги погоди. Тие додаваат дека борците на Хамас имаат скриени командни центри и тунели под Ал-Шифа и други болници. Тоа го демантираше терористичката организација.

„Додека светот гледа населби со училишта, болници, извиднички групи, игралишта и џамии, Хамас гледа можност за експлоатација“, соопшти израелската војска.

Вооруженото крило на Хамас во петокот соопшти дека сè уште истрелува ракети и проектили врз Израел и се бори против трупите во Газа.

Сирените се огласија во Тел Авив и околните области за да ги предупредат луѓето за ракетниот истрел на Хамас. Лекарите рекоа дека две жени во Тел Авив се здобиле со рани од шрапнел од волеј.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни