Руската енергетска компанија „Газпром“ објави дека од денеска ќе се плаќа во рубљи за рускиот гас што ќе го испорача и дека на релевантните страни им ги пренела официјалните информации за новите услови за плаќање.
Во писменото соопштение од Газпром се вели дека според новиот закон кој стапи на сила во Русија, од денеска сите пратки ќе се плаќаат во рубљи.
„Како руска компанија, Газпром безусловно се придржува до руските закони. Известувањата во врска со новата процедура за плаќање во руски рубљи се официјално испратени до нашите адресари“, се вели во соопштението.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера го потпиша указот за префрлање на руски рубљи во плаќањата за продажба на природен гас на „непријателските земји“.
Според уредбата, заинтересираните земји кои купуваат руски гас се обврзани да отворат сметка во Газпромбанк и да ги извршат плаќањата во оваа банка.
