Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска треба да се сретне во Белата куќа со американскиот претседател Доналд Трамп, јави ДПА.
Разговорот се очекува да се фокусира на очекувањата на Вашингтон од претстојниот самит на НАТО идниот месец, особено на барањата на САД за забрзано зајакнување на европските одбранбени капацитети.
Самитот е планиран за 7 и 8 јули во Анкара, со учество на лидерите на 32-те земји членки на Алијансата. Како гостин е поканет и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Се очекува Руте и Трамп да разговараат и за растечките тензии во рамките на Алијансата, што се појавија откако сојузниците од НАТО одбија да ја поддржат американската воена кампања против Иран.
Високи претставници на САД, меѓу кои министерот за одбрана Пит Хегсет и државниот секретар Марко Рубио, го оценија однесувањето на сојузниците како срамно.
Во пресрет на посетата на Руте во Вашингтон, Трамп ги обвини европските сојузници во НАТО дека не им помогнале на САД во војната со Иран, јави ДПА.