Германија ја критикуваше Русија за воздушниот напад врз Киев за време на посетата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, нарекувајќи ги „нехумани“.
„Силно го осудуваме рускиот ракетен напад врз Киев додека.. Гутереш вчера беше на разговори“, изјави владиниот портпарол Волфганг Бухнер.
Москва потврди дека го погодила Киев синоќа, но тврди дека целта и била воена – поточно фабрика која произведува проектили.
Телевизијата Радио Либерти, финансирана од САД, вели дека една од нејзините новинарки, Вира Хирич, била убиена во нападот кога проектил го погодил нејзиниот дом.