Германија ќе испрати тешко оружје во Украина, а оваа одлука е конечна, изјави германската амбасадорка во Украина, Анка Фелдхусен, пренесува Укринформ.
Зборувајќи за тенковите Гепар таа напомена дека може да се купат директно од производителите, но за тоа е потребно Владата да го одобри извозот.
– На почетокот имаше недоразбирања, но мислам дека сега имаме поголема координација за списоците за тоа што навистина и треба на Украина. Мислам дека сега процесот започна и сите знаат како функционира. Тие се веќе одобрени – рече Фелдхузен.
Амбасадорот истакна дека одлуката за снабдување на германските тенкови Мардера не била забавена.
– Овие тенкови се надвор од употреба речиси десет години. Како што знам, не можат веднаш да се користат, треба да се поправат и дури потоа да се префрлат. Не ги знам сите тие детали, но нашата одлука е конечна: ќе испратиме тешко оружје – рече таа.