Свет

Германија: Маж со нож нападнал вработени во компанија!

Германија: Маж со нож нападнал вработени во компанија!

Утрово, полицијата и службите за итни случаи реагираа на брутален напад со нож врз просториите на компанија во германскиот град Мелрихштат, кој се наоѓа во Долна Франконија, во близина на границата со Тирингија.

Според првичните информации, нападот се случил во зградата на комуналната компанија Überlandwerke Rhön, објавува BILD.

Напаѓачот, од причини кои засега се непознати, нападнал неколку вработени со нож. Четворица од нив се повредени, од кои некои претрпеле сериозни физички повреди.

Еден од нападнатите мажи починал од повеќекратни убодни рани во горниот дел од телото, вклучително и во вратот.

Осомничениот маж е уапсен на местото на настанот, но неговиот идентитет и можниот мотив за нападот сè уште не се познати.

„Грижата за повредените е наш врвен приоритет, како и разјаснувањето на точните околности на злосторството“, соопшти баварската полиција.

Полицијата продолжува да спроведува интензивна истрага на местото на злосторството, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни