Германија подготвува нов закон, ќе привлекува странски стручњаци

Германија полека ги исполнува ветувањата за подготовка на нов закон за доселување, со кој сака да си го пополни недостатокот од работна сила.

На Германија ѝ недостасуваат медицински сестри, негуватели, градежници, молери, електричари и ИТ-специјалисти. Стапката на невработеност во Германија во моментов е ниска, со околу 2.2 милиони луѓе без работа.

Околу 60% од компаниите велат дека имаат недостаток на работници, што е закана за нивниот раст и развој. Со предлог-законот треба да се отстрани една  клучна регулатива која важи во моментов: дека луѓето надвор од ЕУ може да добијат работа само ако нема некој Германец или граѓанин на ЕУ којшто би го пополнил тоа место.

Секој со признаена квалификација и договор за работа може да се пресели да работи во Германија.

Предлог законот исто така содржи и одредби со кои им се дозволува на квалификуваните работници да се преселат во Германија на шест месеци за да бараат работа или да работат како „фриленсери“, сѐ додека можат сами да си ги подмират трошоците за живот и секако – задолжително да зборуваат германски.

Извор: ТВ21