Германските супермаркети се подготвуваат за можен недостиг.
Постојат две причини за оваа закана. Закани од земјоделците, како и конфликтот во Црвеното Море со Хутите. Претседателот на баварските фармери, Гинтер Фелснер, најави можна ескалација доколку федералната влада целосно не ги повлече плановите за намалување на земјоделските субвенции. „Не дозволуваме од нашите џебови да се вадат неколкумесечни приходи“, рече Фелснер во интервју за Augsburger Allgemeine.
Зголемените проблеми со снабдувањето предизвикуваат и движењето Хути, познато како Ансар Алах. Експертите веруваат дека Хутите напаѓаат западни трговски бродови во име на Иран, со цел да им наштетат на Западот и Израел. Пред неколку дена, „Фајненшл тајмс“ објави дека нападите го нарушиле комерцијалниот превоз на клучната поморска трговска рута.
Имено, товарните бродови пловат од Црвеното Море, преку Суецкиот канал до Средоземното Море кога носат стока од Азија во Европа, но сега се принудени да заобиколат низ Африка бидејќи Хутите ги напаѓаат, пишува Fenix Magazine. Ова предизвикува долги доцнења во испораката на стоката.
Џулијан Хинц, директор на Центарот за истражување на трговската политика, рече дека ефектите од тие проблеми засега не се чувствуваат многу, но додаде дека „се уште постои ризик од празни полици во германските супермаркети“. Некои од нив, вели, веќе почнале да страдаат, па се одложени и рекламните кампањи.
Лидл и Кауфланд веќе се подготвуваат за можна криза. Можни се доцнење на испораката за поединечни производи“, велат од Лидл. Кауфланд нема проблеми во моментов, но се подготвуваат за нив.
Како што објави ZDF, шефот на поморскиот гигант АП Молер-Маерск предупреди во Фајненшл Тајмс дека би можело да поминат неколку месеци пред повторното отворање на трговската рута на Црвеното Море. Ова потоа може да го почувствува глобалната економија и на крајот потрошувачите.