Животите на тројца жители во американскиот град Сиракуза во сојузната држава Њујорк ги спасила мачка, откако ги разбудила по избувнување на пожар во зградата.
Пожарот избувнал во саботата наутро по локално време, на првиот кат од зградата, а според пожарникарите, мачката ги разбудила станарите.
Тие потоа биле евакуирани, според еден локален медиум.
Кога противпожарната бригада пристигнала на местото, пожарот го изгаснала за околу 20 минути, пренесува АП.
Двата ката од зградата се евакуирани, иако пожарот бил само на првиот кат од зградата.