Актуелниот светски првак Луис Хамилтон постави најдобро време на еден круг на денешните квалификации за утрешната Голема Награда на Франција што е 86-та пол позиција за него во кариерата во шампионатот во Ф-1.
Валтери Ботас ја потврди доминацијата на Мерцедес освојувајќи ја втората стартна поцизија додека трет ќе стартува пилотот на Ферари Шарл Леклер.
Неговиот клупски колега Себастијан Фетел немаше свој ден и ја освои 7. Стартна позиција зад Ферстапен, Норис и Карлос Саинц.
Трката се вози утре на патеката Пол Рикар во 15ч.
