Живот

Го празнуваме Преподобен Јован Ветхопештерник

Го празнуваме Преподобен Јован Ветхопештерник

Се подвизуваше во т.н. Ветха (т.е. стара) Пештера или Лавра, на свети Харитон Велики во Палестина.

Бидејќи со сето срце, со сиот ум, со целата своја душа Го возљуби Христа, од младоста почна да патува по светите места и да ги слуша поуките и советите на светите луѓе.

Најпосле се насели во Харитоновата пештера, каде што се предаде на строг подвиг минувајќи ги деновите и годините во пост, молитва и бдеење, непрестајно размислувајќи за смртта и учејќи се на смирение.

Смртта го најде како добро созреан плод и го пресели во Рајот. Поживеа и се упокои во 8 век.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни