Го празнуваме Преподобен Василиј Исповедник

Другар и соработник на свети Прокопиј Декаполит. Василиј верно го следеше својот учител Прокопиј и во времето на мир, и кога настапија гонењата.

Претрпе многу маки од иконоборците.

А кога иконоборците пропаднаа, по Божја Промисла, Василиј се врати заедно со Прокопиј во својот манастир, и таму во пост и молитва поживеа долго и се упокои мирно, во 747 година.