Автопатот Солун-Атина го отвораат само за лесни автомобили, до 3,5 тони. Ова ќе се случи денеска во 17 часот.
Сообраќајот ќе се одвива само по левата коловозна лента во делот што беше поплавен од излеаната река Пенеи. Откако водата се повлекла, патот бил измиен и исчистен.
Се очекува во подоцнежна фаза да се објави оглас и за камиони.