Старлетата и поранешна задругарка Ана Кориќ пред камера проговори за своето поранешно момче Давид Драгојевиќ.
Бидејќи Дејвид моментално ужива со својата нова девојка, Ана ја коментираше новата врска на поранешното момче.
„Сите тие се копии од мене кои сакаат да бидат како мене. Тој е слободно момче и може да биде со стотини девојки, ако сака, но јасно е дека нема да сака ниту една од нив како што ме сакаше мене. Залудно се трудат тие девојки“ – изјави Кораќ во емисијата „Ексклузив“.
Таа призна и дека сè уште има емоции кон Драгојевиќ.
„И кога раскинавме не ми беше сеедно. Всушност, ми беше многу тешко. Тој ми остана во драго сеќавање. И денес го сакам на некој начин. Жал ми е што не останавме пријатели по раскинувањето, но се надевам дека тоа ќе се случи еден ден“ – истакнала старлетата.
