Живот

Го славиме Преподобен Тит Чудотворец

Го славиме Преподобен Тит Чудотворец

Од младоста Го возљуби Христа и го замрази овој суетен свет. Заради тоа го остави светот, отиде во манастир и прими ангелски образ. Не жалејќи се себеси, се предаде на скрбен и тесен монашки пат.

Преку големо трпение ги стекна двете основни добродетели: послушанието и смирението и со нив ги надмина „не само браќата туку и сите луѓе“. Од младоста ја зачува чистотата на душата и телото.

Во времето на иконоборната ерес се покажа како непоколеблив столб на Божјата Црква.

Заради неговото големо смирение и чистота, Бог му даде дар на чудотворство и за време на животот и по смртта.

А кога се пресели кај Господа, остави многубројни ученици зад себе. Се претстави во 9 век.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни