Денес, Спиналонга е ненаселен остров на само неколку стотици метри од североисточниот брег на Крит. Порано беше полуостров.
Во минатото бил под власт на Венеција – во 1579 година. Венецијанците ја изградиле својата тврдина на урнатините на Акропол, која служела како одбрана од Турците до 1715 година. Токму тие го направија островот, прекинувајќи ја врската со копното.
Сепак, местото е најдобро познато по својата мрачна историја во првата половина на 20 век, кога Спиналонга станала колонија на лепрозни.
„Островот на проклетите“ се користел за оваа намена од 1903 до 1957 година. И денес, кога ќе се симнете од бродот што ве носи на островот, поминувате низ низок и долг тунел, кој е познат како Портата на Данте. Тоа име го добил благодарение на писателот на „Пекол“ затоа што болните луѓе не знаеле што ќе им се случи и немало враќање назад.
Исплашени од болеста и приказните кои кружеа, мештаните го нарекоа местото „Остров на проклетите“.
Сепак, сите оние кои мислат дека ова е местото каде што заразените од лепра биле оставени да умрат, заборавени од сите, се во голема грешка!
Услови за живеење – одлично!
Болните живееле овде во најдобри можни услови, со оглед на околностите. Редовно им се доставувале намирници, лекови, свеж зеленчук и овошје. Благодарение на Англичаните, до Спиналонга бил испорачан генератор, а островот бил првиот кој имал струја во таа област. Еднаш неделно се одржуваа театарски претстави, а имаше и кино.
Имало и случаи на здрави луѓе кои водени од беда дошле на островот да живеат.
Ова ретко видео од 1935 година сведочи за животот на Спиналонга додека островот бил населен со болни:
Последниот жител на островот, свештеник, ја напуштил Спиналонга во 1962 година. Најмалку еднаш годишно, поради спомените кои ги врзуваат за островот, ова место го посетувале неколку излечени луѓе, од кои некои се живи и денес.
