Балкан

Ѓоковиќ едноставно е најдобар на сите времиња: Уште еден факт што му оди во прилог

Ѓоковиќ едноставно е најдобар на сите времиња: Уште еден факт што му оди во прилог

Сите аргументи се на страната на најдобриот тенисер досега и никој ништо не може да промени, Новак Ѓоковиќ доминира не само во сегашноста, туку и во историјата.

Новак го освои 24. Грен слем како последно големо достигнување, израмнувајќи го рекордот со Маргарет Корт, а неговата кариера е далеку од завршена.

Се појавија нови податоци за неговата доминација на најголемите тениски турнири.

Имено, тој е единствениот тенисер во историјата на белиот спорт, кој има 85 или повеќе проценти од победи на секој Грен слем. Значи, ако ја погледнеме статистиката:

На Австралија опен има 91,75 проценти од победите
На Ролан Гарос има освоено 85,19 проценти
На Вимблдон има 89,32 проценти од победите
На УС Опен има освоено 87,13 проценти

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни