Балкан

Ѓоковиќ има големи проблеми со коленото, го загуби вториот сет против Аргентинецот

Ѓоковиќ има големи проблеми со коленото, го загуби вториот сет против Аргентинецот

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ одлично го започна осминафиналето против Франциско Серундоло на Ролан Гарос, но потоа наиде на големи проблеми.

Имено, во вториот сет при резултат 1:1, Ѓоковиќ се пожали на проблеми со коленото, поради што доби лекарска помош.

Неколку пати Ѓоковиќ се пожали на тешкотиите, а кон тимот извикуваше „Падна од креветот“.

Ноле успеа да го продолжи натпреварот, но со евидентни проблеми и тортура на теренот. Поради ова Аргентинецот му го одзеде вториот сет и моменталниот резултат е 1:1.

Победникот од овој дуел ќе се соочи со најдобриот од мечот Фриц – Руд.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни