Како бомба одекна веста од шпанските медиуми дека Новак Ѓоковиќ ќе го купи тенискиот клуб кој го водеше Маноло Сантана, а сега го води неговата вдовица.
Цел свет ја пренесе споменатата вест која сериозно го изнервира Ѓоковиќ. Ретко се случуваше Ѓоковиќ да реагира вака, но се чини дека веќе не може да слуша секакви шпекулации од Шпанија.
Новак сега реши да се огласи и накратко да пише.
„Лажни вести“, напиша Ѓоковиќ и со тоа стави крај на таа приказна.
Кога се појавија шпекулации дека Новак размислува да купи тениски клуб, набрзо следеше реакцијата на Надал, кој зборуваше за Србинот со многу помала почит. Двете стории дојдоа од шпанските медиуми, кои се погрижија дополнително да ја влошат врската меѓу двајцата тенисери.
Станува збор за комплекс кој има бетонски терени и седум земјени терени, има терени за падел, терени за сквош, фудбалско игралиште, базени и одлична теретана. Во склоп на комплексот има и тениски музеј посветен на тенисерите, спортска клиника и продавници каде може да се купи сета опрема.
Ѓоковиќ повеќе не можеше да молчи.
Fake news… https://t.co/ZHIJD8VAgw
— Novak Djokovic (@DjokerNole) December 14, 2023
