Ѓоковиќ по две години пауза се врати во Њујорк и победи, доволно за прво место на АТП листата

Новак Ѓоковиќ по две години пауза на доминантен начин се врати на Гренд слем турнирот во Њујорк. Во првото коло, за само 85 минути игра, Србинот лесно со 3:0 во сетови го победи Александар Милер од Франција.

Со оваа победа, Ѓоковиќ освои 45 поени, кои му беа доволни за повторно да се врати на врвот на АТП листата. Тој заостануваше само 20 бода зад Карлос Алкарас, но со оваа победа веќе е сигурно деќа Србинот ќе биде лидер на АТП листата, а тоа официјално ќе се случи на 11 септември, по завршување УС Опен.