По Дубровник, Новак Ѓоковиќ одмара во Црна Гора, а каде и да се појави привлекува големо внимание.
Како што пишува српски Блиц , тенисерот посетил ресторан во Портонова со поволни цени каде што вечерал и се дружел со гостите, а еден од вработените им ги открил деталите.
„Ноле веќе некое време е во Портонова, годинава дојде по втор пат. Нашиот ресторан е еден од најскромните на оваа локација. Сите се изненадија кога дојде, нарача јадење со пијалок од 16 евра. Тој вечераше и остави добар бакшиш, се сликаше со сите и не се однесуваше како ѕвезда. Ги воодушеви гостите во ресторанот“, опиша тој.
Инаку, по поразот во финалето на Вимблдон, Ѓоковиќ до крајот на сезоната ги полни батериите на Јадранското Море, а гостуваше и во Хрватска. Тој со јахта вплови во пристаништето Груја и со семејството уживаше во аквапаркот на популарната плажа Копакабани во Дубровник.