Македонија

Голем дефект ги остави без вода Росоман и фабриката Дрекслмаер

Голем дефект на главна водоводна линија, без вода остануваат Росоман и фабриката Дрекслмаер, информираа од Јавното претпријатие ,,Комуналец” од Кавадарци.

-Наши екипи се на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот, рекоа од комуналното претпријатие.

Засега не се знае кога ќе се надмине проблемот и кога ќе се нормализира водоснабдувањето.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни