Пожар избувна синоќа во складиште за градежни материјали во западниот дел на Загреб, а при пожарот се уништени околу 600 квадратни метри површина во складиштето.
Хрватската полиција соопшти дека при инцидентот нема жртви, посочувајќи дека на 23 пожарникари со седум противпожарни возила им биле потребни неколку часа за да го изгаснат пожарот.
Причините за пожарот засега не се познати.



