Семејството Моф од Вестчејс, Флорида, веќе ги „поминаа“ празниците бидејќи, очигледно, ќе мораат да платат казна од 1.000 долари.
Ова семејство во желба на најдобар можен начин да ги прослави претстојните божиќни и новогодишни празници, најмило декоратор да им постави светлечки украси и светилки на нивната куќа.
Верувале или не, состаноците со декоратори се закажуваат една година однапред, па затоа светлата на нивната куќа се запалиле на 6 ноември.
Само два дена подоцна, тие добиле тужба од локалното здружение за домување, кое им се заканува со казна од 1.000 долари за предвремено поставување украси. Здружението наведува дека божиќно и новогодишно осветлување може да се постави само од Денот на благодарноста, пишува „Унилад“.
На семејството потоа му се закануваше казна од 100 долари дневно доколку светлата не се прилагодат во согласност со прописите. Според адвокатот, на запалените светилки први се пожалиле соседите.
Многу брзо приказната се рашири низ мрежите, а поддршка на семејството Мофа им пружи и „Кралицата на Божиќ“, пејачката Мараја Кери, која твитна за тоа.

