Граѓаните на Босна и Херцеговина ги очекуваат крупни реформи во процесот на регистрација на возилата, сообраќајната документација и заверените процедури, објавува Klix.ba.
Најголемата новина за сите возачи е укинувањето на досегашната хартиена сообраќајна дозвола, која секоја година мораше физички да се заверава и печати на шалтерите. Неа ќе ја замени трајна поликарбонатна пластична картичка со димензии на лична карта, опремена со современи заштитни елементи, изработена од Агенцијата IDDEEA.
Низ современи заштитни и дигитални функции
Новата „Потврда за регистрација на возило“ ќе ги содржи следниве напредни карактеристики:
- Итегриран чип и безконтактна технологија за брзо отчитување на податоците.
- Висока заштита: Холограм со државни симболи, УВ-заштита, микротекст, тактилни елементи и ласерска гравура.
- QR-код на полеѓината за брза потврда на автентичноста и пристап до податоците.
Се укинува и сопственичката книшка – комплетна дигитализација
При годишното продолжување на регистрацијата, сите податоци ќе се ажурираат исклучиво по електронски пат, без потреба од завера на шалтер. Картичката ќе се менува само доколку се промени сопственикот на возилото.
Со новите правила, сопственичката книшка целосно се укинува, а сопственоста врз возилото ќе се докажува со посебна потврда што ја издава МВР.
Постапката за регистрација значително се поедноставува:
- Граѓаните веќе нема да носат физички докази за технички преглед и полиса за осигурување – институциите ќе ги проверуваат овие податоци по автоматизиран пат преку заеднички дигитален систем.
- Се укинува обврската за приложување оригинални царински декларации, странски сметки и нивни преводи при докажување на потеклото на возилата купени кај овластени дистрибутери.
Нови налепници со RFID чип и бои според сопственоста
Се менува и концептот на регистрациските налепници, чија цена останува 5 КМ (околу 2,5 евра):
- Сини налепници: Наменети за возила во сопственост на физички лица и приватни компании.
- Црвени налепници: Наменети за службени возила финансирани од буџетот на БиХ.
Со скенирање на QR-кодот од црвените налепници, граѓаните во секој момент ќе можат да проверат на која институција, општина, кантон или ентитет му припаѓа конкретното службено возило. Налепниците ќе содржат и RFID чип наменет за идни дигитални услуги, како автоматизирана наплата на патарина и паркинг.
Примената на новиот систем со картички и налепници е планирано да започне од 1 јануари 2028 година.