Македонија

Големо намалување на цените на горивата: Дизелот поевтинува за 7 денари

Големо намалување на цените на горивата: Дизелот поевтинува за 7 денари

Возачите од ноќеска ќе точат гориво по пониски цени, откако Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на сите нафтени деривати.

Според новата одлука, која стапува во сила од 23 јуни во 00:01 часот, најголемо намалување има кај дизел горивото и екстра лесното масло за домаќинство, чија цена се намалува за 7 денари по литар.

Новата максимална цена на моторниот бензин Еуросупер БС-95 ќе изнесува 84 денари за литар, што претставува намалување од 3,50 денари. Бензинот Еуросупер БС-98 поевтинува за 4 денари и ќе се продава по цена од 86 денари за литар.

Цената на Еуродизел БС (Д-Е V) од полноќ ќе изнесува 80,50 денари за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по 79,50 денари за литар.

Намалување има и кај мазутот М-1 НС, чија малопродажна цена се намалува за 3,932 денари по килограм и ќе изнесува 42,291 денари за килограм.

Со оваа одлука на РКЕ, сите нафтени деривати бележат пад на цените во однос на претходната пресметка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни