Горан Марковиќ од 1 јануари 2027 година ќе ја заврши функцијата главен извршен директор на „Македонски телеком“ и ќе преземе повисока позиција во „Дојче телеком“, соопшти компанијата во објава за ценовно чувствителна информација.
Марковиќ ќе биде виш потпретседател за комерцијален раст во Европа — Senior Vice President Commercial Growth Europe. Во новата улога ќе биде одговорен за растот на комерцијалниот бизнис на девет пазари во европскиот сегмент на групацијата.
Тој директно ќе ѝ одговара на Доминик Лерој, членка на Управниот одбор на „Дојче телеком“ задолжена за Европа.
Од „Македонски телеком“ информираат дека процесот за избор на нов главен извршен директор е во тек. Компанијата продолжува со своите активности и стратешки приоритети.
Информацијата е објавена на 6 ноември, согласно Правилата за котација.